дома Спорт СКАНДАЛ: Грчки ракометарки среде Скопје не сакаат да играат против МАКЕДОНИЈА

СКАНДАЛ: Грчки ракометарки среде Скопје не сакаат да играат против МАКЕДОНИЈА

Првиот настап на Македонија на ЕХФ шампионатот за ракометарки до 17 години што се одржува во Скопје за жал го одбележа скандал, откако ракометарките на Грција од политички побуди одбија да излезат на терен против нашиот национален тим.

Грчките ракометарки се загреваа вообичаено, но кога дојде време да се излезе на терен за официјално претставување, челниците на репрезентацијата не им дозволија на девојчињата да се појават на терен. Причина – името Македонија кое се наоѓа на маиците на членовите на нашиот стручен штаб. Со ситуација кога уставното име на нашата земја воопшто го немаше на дресовите, јужниот сосед повторно најде детал за да приреди политички инцидент на спортски настан, па макар бил и на второкласно натпреварување во младински женски ракомет.

По убедувањето од страна на официјалните лица, но и од претставници на Ракометната Федерација на Македонија, противникот на крајот реши да се појави на теренот, за овој натпревар конечно да започне.