дома Македонија СКАНДАЛ НА СЈО: Оливер Спасовски сослушувал сведоци на СЈО и им нудел...

СКАНДАЛ НА СЈО: Оливер Спасовски сослушувал сведоци на СЈО и им нудел бизниси ако сведочат во нивна корист!

Драган Павловиќ- Латас во гостувањето во емисијата „Јади Бурек“ откри дека има сведок кој е сослушан од страна на генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски во просторија на СЈО, на кој му е нудена уцена и бизнис.

 

-Јас имам сведок кој е сослушан од страна на генерален секретар на СДСМ, во просторија на СЈО, на кој му е нудена уцена од лево, бизнис од десно. Тоа се методите кои што ги употребува СЈО кога сум јас во прашање. Но , не се само овие, има и други. Затоа ќе почекаме, да тече постапката, односно постапките против мене, јас ќе ги подготвувам своите аргументи, тие своите и немам намера во ниедна прилика да откривам, рече Латас.

Тој додаде дека Спасовски му кажал на сведокот дека нив ги интересирало Латас да одел во затвор.

-Генерален секретар на партија, во комунизам од 48-ма до 90-та година не влегува во зграда на СЈО да сослушува сведок и да му каже на сведокот „Нас Латас не интересира да оди во затвор, ти немој да идеш невин, работата не ти е арна, напрај го ова, ќе добиеш бизниси како што треба“. Известена е американската амбасада, со име, со презиме, известени се и други, известен е и СЈО, рече Латас.