Скандал ја тресе Австралија – Силувана жена во парламент

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австралискиот премиер Скот Морисон денес и се извини на една жена која тврди дека била силувана во парламентот пред две години. Миорисон се извини за начинот на кој се водеше тогашниот судски процес и нареди истрага за културата на работното опкружување во државните институции.

Бритни Хигинс во понеделникот за Интернет порталот Канал 10 изјави дека била силувана во канцеларијата на актуелната министерка за одбрана Линда Рејнолдс во март 2019 година од неименуван колега, кој исто така работел за владејачката Либерална партија на Морисон.

Таа рече дека разговарала со полицијата на почетокот на април истата година, но дека одлучила да не поднесе официјална тужба поради загриженост дека тоа ќе и наштети на нејзината кариера.

Ената изјавила дека се плаши дека ќе ја изгуби работата по инцидентот во 2019 година и дека нема многу поддршка од газдите. Полициската истрага за нејзините наводи сега е повторно отворена.

„Се надевам дека повикот на Бритни Хигинс е повик за будење за сите нас“, изјави денеска Морисон пред новинарите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This