дома Македонија СКАПО: Советите на Ружин и Андоновски ќe нѐ чинат 18.000 евра

СКАПО: Советите на Ружин и Андоновски ќe нѐ чинат 18.000 евра

Ангажманите на Александар Ружин и на Венко Андоновски како надворешни соработници на премиерот им завршуваат на 31 декември годинава, велат од Владата по откривањето на веста дека синот на ексамбасадорот во НАТО и писателот кој беше добар и со поранешната влада на Никола Груевски, влегле во тимот на Зоран Заев. Од „Илинденска“ посочуваат дека нивниот ангажман е лична одлука на премиерот. Месечниот надомест за Ружин е 50.000 денари (ангажиран на 28 јануари), а за Андоновски 40.000 денари (ангажиран на 8 јануари), што значи дека за една година колку што трае нивниот ангажман, од буџетот ќе им бидат исплатени околу 18.000 евра.

„Категоријата надворешен соработник не предвидува објавување на оглас, бидејќи не станува збор за вработување, туку ангажман со времен рок“, потенцираат од владата во дописот до „Независен“.

Во описот на Ружин како надворешен соработник за економски прашања се наведува професионална соработка и комуникација со бизнис и деловни контакти од државите на Бенелукс и Франција.