April 23, 2024, 12:29 pm

СКЕНИРА ФИСКАЛНИ: Заев ја симнал апликацијата „Мој ДДВ“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев ја симнал апликацијата „Мој ДДВ“, ги повика и опозициските пратеници да ја симнат.

Заев покажувајќи го својот мобилен телефон од собраниската говорница кажа дека и тој ја користи апликацијата „Мој ДДВ“ за поврт на 15 отсто од данокот на додадена вредност.

Објаснува дека оние кои досега избегнувале данокот на додадена вредност да го уплатат во државниот буџет, сега им се стеснети можностите затоа што граѓаните се инспектори и се мотивирани.

„Досега се скенирани пет милиони сметки, 2.768.000.000 денари промет е скениран, 730.000 евра веќе се назад кај граѓаните, за 23 дена. Верувам дека сите ќе се вклучиме во проектот. Јас отворив апликација на „Мој ДДВ“, препорачувам пратениците да отворат, па дури и оние од опозицијата затоа што системот враќа еднакво на сите“ – рече Заев.

Заев рече дека проектот е успешен и дека ќе даде одлични резултати.

Досега, како што потврди, повеќе од 135.000 граѓани ја симнале апликацијата. Оваа мерка е за бopба со cивaта економија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This