дома Македонија Скопска „Идадија“ на картата на најстарите активни ресторани во светот

Скопска „Идадија“ на картата на најстарите активни ресторани во светот

Скопскиот ресторан „Идадија“ во Дебар Маало доби високо светско признание. На сајтот NetCredit „Идадија“ е прогласен за најстар активен ресторан во Македонија, а за негов почеток на функционирање е одредена 1928 година.

Сајтот направи карта или атлас со информации за најстарите активни ресторани во скоро сите земји во светот, што им ги препорачува на љубителите на историјата, патувањата и вкусната храна.

Некои од рестораните презентирани на светската карта се стари со векови, постари дури и од државите во кои се наоѓаат. Па така, на пример, најстариот ресторан St. Peter Stifts Kulinarium во Салцбург, Австрија, датира од 803 година и е единствен кој може да се пофали дека во него ги служеле генејалниот композитор Волфганг Амадеус Моцарт, како и холивудскиот актер и режисер Клинт Иствуд.