дома Хроника СКОПСКИ БИЗНИСМЕНИ СЕ ЖАЛАТ НА РЕКЕТ: Бодигардите криминалци од СДС повторно рекетираат...

СКОПСКИ БИЗНИСМЕНИ СЕ ЖАЛАТ НА РЕКЕТ: Бодигардите криминалци од СДС повторно рекетираат бизнисмени!

Како што пренесува порталот А1он.мк, скопски бизнисмен им се пожалил дека по враќањето на СДС на власт тие не можеле да кренат глава од бодигардите-криминалци, кои работат за високи функционери на СДС

 

-Не можам глава да кренам од закани, два пати го пријавував во полиција и МВР ништо не презема. Упорно не малтретира и во суд преку контакти и врски кои ги има врз партиска основа – рекол за А1он, бизнисмен чиј идентитет и е познат на редакцијата, и додава дека се плаши дека СДС ќе ја продолжи нивната стара пракса кога бизнисмени и бодигарди од СДС вршеа рекет врз приватниот сектор, а беа заштитени како „бели мечки“.

За иронијата да биде поголема, Оливер Спасовски откако го смести брачниот пар Ангелови во заедничка, семејна канцеларија, изјави дека степенот на криминалитет во Скопје е намален, и брутално излажа.

Доаѓањето на власт на СДСМ секогаш значи зголемување на насилството, рекетот и уцените во главниот град Скопје. Со новата власт на СДСМ, несигурноста во Скопје дефинитивно се враќа во 1995 – 96 година, кога клановите блиски до СДСМ го водеа главниот збор.