дома Македонија СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ЖАЛАТ: Со овие средства може проштален...

СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ЖАЛАТ: Со овие средства може проштален концерт, а не реномиран меѓународен културен настан со традиција

Откако во претходната програма Скопскиот Џез фестивал не доби ниту денар, во ревидираната програма тој е финансиран со 3 милиони денари.

Ние прво сакаме да сочекаме, да видиме да не се работи за некоја грешка, бидејќи при самото оценување и бодирање на овие две апликации се направени неколку груби грешки . Јас ја знам целината и на оваа нова програма која содржи поголем број одобрени проекти, веројатно со единствена цел да се заташка целиот скандал и клиентите, апликантите да бидат задоволни, вели Оливер Белопета во изјава за „Сител“.

Тој во интервју за „Фактор“  вели дека лошото чуство продолжило и кога ги виделе резултатите од втората објава, каде се вклучени Скопје џез фестивал и Оф фест, но со преполовени средства за оваа година.

Со тие суми не може да се сочува високото меѓународно ниво на манифестациите кои може да се претворат само во локални фестивали. Со овие средства апсолутно немаме волја фестивалот да го уништиме, односно може да се одржат еден или два проштални концерти, и не сакаме ние покрај министерството да учествуваме во рушење на меѓународното ниво на фестивалот. Увидовме и грешки во оценувањето на апликацијата што влијае врз бодовите, а со тоа и на висината на одредената сума, па затоа повторно ќе вложиме жалба. Скопскиот џез фестивал ќе се одржи по 38 пат, а Оф фест годинава по 18 пат, па овие грешки ќе мора да се отстранат, вели Белопета за „Фактор“.