дома Македонија СКОПСКО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВАКА СЕ БОРИ СО ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ: Нема излегување...

СКОПСКО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВАКА СЕ БОРИ СО ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ: Нема излегување на голем одмор и никако останување во дворот на училиштето по завршување на наставата

Денеска во едно од основните скопски училишта беше издадена мерка за заштита на учениците и наставниците од енормно загадениот воздух.

Имено во текстот стои дека им се соопштува на сите ученици и наставници, дека во денови на зголемено загадување на воздухот се препорачува да не се излегува на голем одмор и користењето на слободното време во училишниот двор.

-Воедно се препорачува да нема задржување на отворено и во училишниот двор по завршување на наставата, стои во соопштението.

Инаку Скопје веќе со денови се гуши во загадениот воздух, а загадени се и повеќето градови низ Македонија.