дома Хроника СКОПЈАНЕЦ ПРОНАЈДЕН МРТОВ: Исчезнат скопјанец, пронајден мртов во стан

СКОПЈАНЕЦ ПРОНАЈДЕН МРТОВ: Исчезнат скопјанец, пронајден мртов во стан

Триесет и едно годишниот В.Т. од скопско Пакошево, вчера бил пронајден мртов во стан на улицата „Пушкинова“.

Случајот во полицијата го пријавил И.П.Н. кој го пронашол безживотното тело на В.Т.

-Од лекар од итната медицинска помош била констатирана смрт. На местото на настанот излегле полициски служеници, Јавен обвинител и судски обдуцент и бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција, информираат од полицијата.

В.Т. на 15-ти месецов бил пријавен за исчезнат.