дома Хроника Скопјанец cи зapaбoти kpивичнa зapaди кpиyмчapeњe мигpaнти

Скопјанец cи зapaбoти kpивичнa зapaди кpиyмчapeњe мигpaнти

Регионалниот центар за гранични работи Југ денеска до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против Ш.С.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418-б став 2 од Кривичниот законик.

-Пријавениот, на 31.08.2021 прифатил 12 илегални мигранти од Куба со патничко возило „фолкаваген туран“ со скопски регистарски ознаки и организирал нивен превоз со четири различни такси возила до Гевгелија, при што на возачите на такси возилата лажно им ја претставил фактичката состојба за статусот на мигрантите, соопшти МВР.

По преземени мерки, на 02.03.2021 тој бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Кисела Вода.