дома Хроника Скопјани испокасани од кучиња скитници

Скопјани испокасани од кучиња скитници

Тројца скопјани вчера биле испокасани од кучиња скитници- случаите се пријавени во полициски станици во Центар, Кисела Вода и Аеродром.

На 07.12.2021 во 16.00 часот во Полициската станица Центар, Д.К.(19) од Скопје пријавила дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ била касната од куче скитник.

На 07.12.2021 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.Н.(68) од Скопје пријавила дека на ул.„Наум Охридски“ била касната од куче скитник.

На 07.12.2021 во 13.20 часот во Полициската станица Аеродром, Г.Т.(52) од Скопје пријавил дека на ул.„23 Октомври“ бил каснат од куче скитник.