дома Хроника СКОПЈАНКА НАПРАВИЛА XAOC ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА откако бил уапceн нејзиниот син

СКОПЈАНКА НАПРАВИЛА XAOC ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА откако бил уапceн нејзиниот син

На 29.06.2020 во периодот од 03.50 часот до 06.10 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од Полициска станица Карпош ги привеле С.Л.(22) и Л.Н.Е.(45), двајцата од Скопје, бидејќи во 03.50 часот на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ со ул.„Бледски договор“, С.Л. кој бил во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници.

Во 06.10 часот во просториите на Полициска станица Карпош, Л.Н.Е. го нарушила јавниот ред и мир со агресивно однесување, бидејќи не ѝ било дозволено самоволно и без дозвола да влезе во просторија каде бил нејзиниот син С.Л., кој бил претходно приведен.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.