дома Хроника Скопјанка паднала во автобус – се здобила со тешки повреди

Скопјанка паднала во автобус – се здобила со тешки повреди

На 23.11.2021 во 12.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“,  во автобус на ЈСП, управуван од И.Б.(52) од Скопје, паднала патничка С.А.(61) од Скопје, информира МВР.

С.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.