дома Македонија СКОПЈАНКА 3AГИНAЛА ВО СООБРАЌАЈКА: Неcpeќата се случила утрово на магистралниот пат Гостивар...

СКОПЈАНКА 3AГИНAЛА ВО СООБРАЌАЈКА: Неcpeќата се случила утрово на магистралниот пат Гостивар – Кичево

Гостивар, 3 ноември 2019 (МИА) – Сопатничка во возило го загуби животот во сообраќајна нecpеќа што се случи утрово на магистралниот пат Гостивар – Кичево.

 

 

Според СВР Тетово, несреќата се случила околу 9 часот и 30 минути во близина на новоселскиот мост и во неа учествувале возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки со кое управувал А.Б. (20), како и „фиат типо“ со прилепски ознаки што го управувал 47-годишниот М.Д. од Прилеп.

 

Во сударот со тешки повреди се задобиле Т.Н. (76)  од Скопје, сопатничка во „астрата“, која пoчинала на самото место и совозачот во „фиатот“ Д.С. (52). Возачите поминале со полесни повреди.

 

Извршен е увид и се работи на утврдување на причините и околностите кои довеле до несреќата.