дома Политика СКОПЈЕ БЕЗ СООБРАЌАЕН МЕТЕЖ: Во Скопје ќе се градат три нови сообраќајници!

СКОПЈЕ БЕЗ СООБРАЌАЕН МЕТЕЖ: Во Скопје ќе се градат три нови сообраќајници!

Растеретување на сообраќајниот метеж во Скопје е еден од новите проекти кои се предвидени и се дел од програмата Реално на ВМРО-ДПМНЕ.

-Се предвидува изградба на три сообраќајници и тоа подземна сообраќајница кај комплексот Народни банки до Влада на Република Македонија. Една сообраќајница на две нивоа кај трговскиот центар Мавровка и Судската палата и една подземна сообраќајница кај јужниот булевар, вели Никола Тодоров.

Ова е капитална инвестиција од 90-100 милиони евра а средствата за оваа инвестиција ќе бидат обезбедени 90% од Владата, а 10 % од Град Скопје.