April 19, 2024, 10:25 am

Скопје меѓу најнесреќните места во светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -
Според Светскиот извештај за среќа, рангирањето на среќата на градовите ширум светот се потпира на Светската анкета "Галуп", годишно истражување кое започна во 2005 година и се спроведува во повеќе од 160 земји, опфаќајќи 99 проценти од светската популација. Вклучува најмалку 1.000 набљудувања по земја годишно, опфаќајќи ги и урбаните и руралните области, со тенденција да се набројуваат поголемите градови. Анкетата е национално репрезентативна на населението во жители на возраст од 15 и повеќе години во секоја земја. Анкетата е направена во периодот од 2014-2018 година.
Во рангирањето на среќата на градовите ширум светот, прво се разгледува тековната проценка на животот - проценка на мерката за субјективна благосостојба и главниот исход - а потоа се спротивставуваат наодите со резултатите од очекуваната проценка на животот на жителите во иднина. Исто така, се споредуваат откритијата со позитивно и негативно влијание од ден на ден, кои се искуствени мерки, во делот за понатамошна дискусија. 

Каде се наоѓа Скопје во оваа анкета?

Според истражувањето на Анкетата на скалата од 1 до 10, градот Скопје е некаде на средина, односно бројот изнесува 5.302, што значи дека спаѓа на 124 место во светот по главни градови од можни 186. Ова за жал го прави градот Скопје во таа една третина од најнесреќните градови во светот..

Навистина е жално што Скопје се наоѓа на местото на кое што се наоѓа. Едни од факторите за тоа се нискиот животен стандард, несоодветните услови во здравството, загаденоста на воздухот каде Скопје беше исто така рангиран како еден од најзагадените градови во светот, сиромаштијата, корупцијата.. Во скоро време според Транспаренси интернешнл агенцијата која следи корумпираност во светот ја оцени Македонија како високо корумпирана земја, па дури и покорумпирана од Колумбија.

Какви се другите градови во соседството во споредба со Скопје во однос на среќата?

Според анкетата може да се види дека гравниот град на Србија, Белград, е на 74 место, Софија го зазема бројот 109, Атина е на 121 место. Додека, Тирана е на 126 место и Приштина на 127 место во однос на среќата, што ги прави малку по несреќни од Скопјани, но сепак границата е тесна. Освен Белград, другите градови околу Република Македонија се слични како и Скопје.

Целата статистика може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This