дома Македонија СКОПЈЕ ПОВТОРНО НА ВРВОТ: Главниот град повторно се најде на листата топ...

СКОПЈЕ ПОВТОРНО НА ВРВОТ: Главниот град повторно се најде на листата топ 10 најзагадени градови во светот

Ова утро Скопје се најде на четвртото место на листата најзагадени градови во светот, според специјализираната интернет страница за мерење на загадениот воздух „airvisual“.

На врвот е градот Делхи во Индија а пред нас на второ и трето место се Лахоре во Пакистан и Пекинг во Кина.

Сепак, не е само Скопје загаден град. Во текот на ноќта, но и утрово мерните станици покажуваат дека се гушат и други македонски градови во канцероген отров.

Загадено е во Гостивар но и Струмица и Тетово.