дома Македонија СКОПЈЕ ПОПЛАВЕНО: Краток дожд направи поплава, Шилегов спие!

СКОПЈЕ ПОПЛАВЕНО: Краток дожд направи поплава, Шилегов спие!

Краткотрајните обилни врнежи во Скопје предизвикаа поплави во повеќе населени места во нашиот град. Дел од коментарите се дека градот Скопје спие, иако овие обилни дождови се најавувани веќе три дена.

По обилните врнежи од дожд попладнево, кои веќе три дена се најавени од УХМР, ситуацијата во скопската населба Ченто, општина Гази Баба е алармантна.

Улиците се целосно поплавени, водата навлегува во дворовите на жителите кои стравуваат за своите домови. Велат им останува само да се надеваат дека нема да се повторат поплавите од август 2016 година.

Во пораките кои жителите до нашата редакција ги испраќаат има фотографии и видеа од состојбата во нивната населба, и тие наведуваат дека локалните власти и по сите најави за невремето и поројните врнежи, останале глуви и не преземале ништо.

Велат никој од надлежните и општинските власти не е излезен на терен за ја види состојбата и да преземе било какви мерки.

Граѓаните бараат и од градот Скопје и од општинските власти да преземат нешто за ситуацијата да се доведе во нормала, бидејќи токму тоа било ветувано од актуелната локална власт.