дома Европа СКРШЕНА ПОСЛЕДНАТА НИШКА НА ЧАДОРОТ: Италијанскиот премиер Матео Ренци си дава оставка...

СКРШЕНА ПОСЛЕДНАТА НИШКА НА ЧАДОРОТ: Италијанскиот премиер Матео Ренци си дава оставка по неуспешниот референдум!

Дури 58 проценти од Италијанците гласаа против амандманите предложени од технократот Матео Ренци на денешниот референдум, покажуваат последните резултати

Италијанците гласаа за тоа дали во Уставот треба да се додаде амандман со кој му се одзема дел од одлучувачката моќ на Сенатот со цел да се забрза процесот на донесување на закони предложени од Италијанската Влада.

Претходно, Италијанскиот премиер Матео Ренци вети дека ќе си даде оставка во случај референдумот да биде неуспешен. Помеѓу 54 и 58 проценто од гласачите гласале против намалувањето на моќта на Сенатот, и ги отфрлија предложените реформи, пренесуваат од истражувачкиот центар „Иституто Пиеполи“ за каналот „РаиЊуз24“. Реформите беа поддржани од 42 до 46 проценти од гласачите.

Излесноста на референдумот се движела во рамките од 57 проценти, според проценките на министерството за внатрешни работи на Италија.

Италијанскиот премиер Матео Ренци се сметаше како дел од „чадорот“ кој предизвикува тензии и спроведува мрачно сценарио во Македонија, поддржувајќи го Зоран Заев и Зоран Верушевски. Во делот од Скајп Комуникацијата помеѓу Верушевски и неговиот соработник се споменува и поддршката од одреден премиер, за кој досега се сметаше дека е токму Ренци.