дома Хроника Скoпcки тaкcиcт в cкyт пpeвезувал дpoга

Скoпcки тaкcиcт в cкyт пpeвезувал дpoга

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против скопјанец на возраст од 52 години, вработен во такси компанија, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а јавниот обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор против осомничениот со цел обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка.

Како што информира ЈО, при извршен преглед на возилото во средата околу 23:00 часот во Куманово, на улицата „Трст“ во непосредна близина на ОУ „Бајрам Шабани“, службените лица пронашле дрога која осомничениот неовластено заради продажба ја држел и пренесувал.

Наркотичната дрога марихуана, во вкупна нето маса од 156,6 грама, осомничениот ја држел во внатрешноста на возилото, во самиот негов скут, спакувана во едно најлонско пакување, соопшти Јавното обвинителство