Славески: Мерката за замрзнување на производите е задоцнета, доколку се сакаше спроведување на замрзнувањето на производите потребно беше брза реакција, а не навестување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното гостување на Телевизија 24 во дебатната емисија „Отворено“ членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во однос на замрзнувањето на цените на производите и ценовните зголемувања, тој истакна дека мерката е задоцнета и доколку се сакаше спроведување на замрзнувањето на производи потребно беше да се реагира побрзо, а не да се навестува.
„Сведоци бевме на рапиден раст на цените, коишто и претходно растеа на сите цени на овие производи коишто се сега замрзнати. Производите коишто сега се замрзнати непосредно беа значително зголемени и се согласувам со мислењата дека оваа мерка е задоцнета. Доколку се сакаше да се спроведе замрзнувањето на производи потребно беше да се реагира побрзо а не да се навестува“, посочи Славески.
Тој додаде дека голем дел од веќе идните зголемувања на производите се веќе вградени во цените и тука е неизвесно дали оваа мерка ќе има некој ефект, а сигурно ќе биде минимален од аспект на заштитата на животниот стандард.
„Причините коишто доведоа до еден ваков рапиден раст на цените е дека покрај увезената инфлација има и домашни ефекти коишто доведоа до зголемување на цените, како и колапсот со производство на домашна електрична енергија вклучително и сите популистички мерки во изминативе години каде што Владата се расфрлаше со пари на разни страни во економијата итн., сето ова доведе до пораст на цените“, нагласи Славески.
Славески како економист не може да се согласи со една ваква мерка која што е непазарна, а државата се стреми за започнување на почеток на преговори за членство во ЕУ. А, токму еден од критериумите кој што го бара ЕУ е функционална пазарна економија, а државата со оваа Влада всушност е се подалеку од тоа

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This