СЛЕАНО ИМЕ НЕ БИЛО ДОСТОИНСТВЕНО РЕШЕНИЕ: Димитров не се согласува со Горнамакедонија, ќе се сложи со Горна Македонија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Достоинствено решение за проблемот околу името е она од кое нема да се срамиме. Слеано име не е тоа. Уверен сум дека Грција има многу сериозен долгорочен стратешки интерес Република Македонија да биде близок сојузник, да биде дел од ЕУ, НАТО. Соседи сме и секогаш ќе бидеме. Ако најдеме достоинствен начин да го надминеме овој проблем, тоа ќе биде многу важно за иднината на РМ, изјави шефот на дипломатијата Никола Димитров.

– Прашањето за мене е едно од најболните прашања, бидејќи природата на проблемот е многу проблематична и е многу лесно на ова прашање да се удираме и да викаме. Меѓутоа исто така мислам дека сите знаеме дека надминувањето на овој проблем е важен за нашата држава. И ако најдеме достоинствен начин да го надминеме овој проблем, тоа ќе биде многу важно и за Македонците во Република Македонија и за Албанците и за сите други. Важно ќе биде и за иднината на РМ. Достоинствено решение за проблемот околу името е она од кое нема да се срамиме. Слеано име не е тоа, рече Димитров вечерва во емисија на ТВ Телма.

Според него, суштината на компромисот доколку е можен е на два столба.

– Едниот столб е дека Македонците мора да бидат Македонци што го зборуваат македонскиот јазик, бидејќи стравот од конкретизирање со одредница на името Македонија ќе биде невозможно да се покрие. Тој страв мора да биде покриен соодветно за воопшто ние да можеме да се отвориме за географска одредница. И тоа што јавно го соопштивме за географска одредница е врзано односно не е безусловено. Исто така, таа географска одредница не може да биде недостоинствена. Практично ова го нема во слеаното име, рече Димиторв.

Ако целта е да направи дистинкција мегу Македонија како држава и грчкиот регион Македонија, решение е можно, смета тој. Но ако целта е да се избрише Македонија, Македонците или македонскиот јазик, тогаш, вели, овој процес не може да има решение. Нашата цел е достоинствена дистинкција, притоа зачувувајќи кои сме и што сме, достоинствено и без понижување.

Имаше извесен напредок за време на посетата на Коѕијас. Нимиц е главен во процесот, но двете страни преку директни контакти помагаат да се надминат напластените проблеми. Најави дека ако има напредок во Виена, тоа ќе и биде соопштено на јавноста.

За македонската Нацрт – спогодба и критиките дека опозицијата не била консултирана, рече дека станува збор за веќе познати позиции за кои се говорело на последната средба на државниот политички врв.

Поддршка и интерес да се најде решение, како што рече, има од САД, ЕУ, Германија и други сојузници.

– Македонија ја научи домашната лекција и го турка товарот разумно и мудро, чувајки го тоа што треба да се чува. Но, лекцијата кон нашите странски пријатели е што по враќањето на Македонија на вистинскиот пат, ако пак не остават зад заклучени врати заради прашањето кон кое покажуваме рационалност и отвореност, тоа ќе биде и нивна соодговорност. Тоа ќе биде грд морален пораз и за нив, оцени шефот на дипломатијата.

Од Виена истакна дека нема очекувања, туку повеќе надеж. – Се надевам дека ќе направиме напор да се придвижиме, да направиме исчекор. Процесот многу јавно го дебатираме и кога преговарачки позиции излегуваат во јавност стануваат национални позиции и тоа може лошо да влијае на преговорите, рече Димиторв.

Тој најави дека Владата по виенската средба, ќе го свика државниот врв и лидерите на најголемите партии на лидерска средба.

Во однос на протерувањето на рускиот дипломат тој потврди дека одлуката е донесена во многу блиска консултација со сојузниците и партнерите и оти нема дилема дека дипломатот го надминал својот мандат и Виенската конвенција. Членството во НАТО, посочи е одлука на граѓаните на РМ уште од 93 година и тоа мора да го почитуваат сите, па и најголемите играчи во геополитиката.

– Ние сакаме во НАТО затоа што мислиме дека тоа ни носи стабилност и затоа што мислиме дека таа Алијанса ќе ни донесе поголем просперитет. Со самото тоа што носи стабилност, политичка стабилност, предвидливост во нашата иднина Македонија ќе стане многу попривлечна за многу покрупни и посериозни инвестиции. Поголемата искреност и нашата решителност ни помага да продолжиме да одиме по патот како што сме почнале 93 година ни помога. Колебливоста и некакво глумење и преправање не ни помага, дава збунувачки сигнали. Посигурни сме, ако даваме прецизни и јасни сигнали какви сакаме да бидеме и каде сакаме да одиме, рече Димитров.

Според него, постои неверојатно зголемен интерес, светски, меѓународен во однос на РМ, што го потврди и посетата на генералниот секретар на НАТО на земјата, а тоа, смета, не е само заради некакви симпатии, туку заради поклопување на интересите, нашите и нивните проценки дека овој чекор ќе донесе стабилност.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This