дома Македонија Следната недела конкурс за вработување на 640 Албанци во администрацијата

Следната недела конкурс за вработување на 640 Албанци во администрацијата

Следната недела се очекува да биде објавен оглас за вработување на албанци во администрацијата, велат партиски извори од ДУИ.

Конкурсот кој што се подготвува, предвидува вработување на вкупно 800 административци, од кои 640 ќе бидат Албанци, а 160 од други етнички заедници, велат извори од ДУИ за весникот „Лајм“.

Сега ни е полесно. Првиот вицепремиер е од редовите на ДУИ, Артан Груби, министерот за финансии е наш, Фатмир Бесими. Ќе има повеќе вакви конкурси за постигнување адекватната застапеност“, најавуваат од ДУИ, објавувајќи ги овие долго очекувани информации од јавноста, особено од младите кои штотуку дипломирале.