дома Актуелно Следната недела ќе се oбeштeтyвaaт штeдaчитe во Еуростандард банка, но само до...

Следната недела ќе се oбeштeтyвaaт штeдaчитe во Еуростандард банка, но само до 30.000 евра

Од следната недела треба да започне исплатата на депозитите во Еуростандар банка, на која и беше одземена дозволата за работа, информираат од Фондот за осигурување на депозити за Телма.

Од таму велат дека очекуваат наскоро стечајниот управник да го достави списокот на физичките и правните лица депоненти.

Исплатата ќе се врши преку четири банки, а максималниот износ, колку што е пропишан, може да биде само до 30.000 евра, додека оние кои имаат над 30.000 евра во пропаднатата банка, депозитите ќе ги чекаат од стечајната маса.