Следува невиден ценовен шok: Струјата по Нова Година ќе поскапи за повеќе од 20% ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цената на струјата за домаќинствата по Нова Година ќе се зголеми за повеќе од 20 отсто. Освен цената, проблем е и недостигот на струја и доколку итно не почнат со производство ТЕЦ „Неготино“ и РЕК Битола може да останеме без струја, бидејќи европските земји забранија извоз на јаглен во Македонија. И покрај предупредувањата на експертите, власта со смирувачки пораки до граѓаните дека нема потреба за прогласување на енергетска криза, струјата нема да поскапи до крајот на годината и оти не знаат што ќе се случи по два месеца. Експертите алармираат до граѓаните да бидат подготвени дека после Нова Година ги чека раст на цената на струјата и ценовен шок. За да се ублажи ударот тие предлагаат намалување на даноците, како што направија некои од европските земји, пишува Вечер.

-Струјата по Нова Година се очекува да поскапи за повеќе од 20 отсто, бидејќи цената на светските берзи е покачена за повеќе од 10 пати. Ова зголемување од 20 отсто е реално, бидејќи во моментот ЕСМ електричната енергија на универзалниот снабдувач ЕВН „Хоум“ по цена од 37 евра за мегават-час, а на светските берзи во моментов е 250 евра за мегават-час, вели за ВЕЧЕР, енергетскиот експерт Ѓорѓи Манасков.

Според него и да се реши проблемот со набавката на јагленот за потребите на РЕК Битола, пак ќе имаме поскапување на цената на струјата. Потребно е државата сериозно да поработи за да се надомест недостатоците, зашто не се знае до кога ќе не толерираат државите од енерегетскиот систем од каде црпиме големо количество струја.

– Мора итно да почнат со производство и ТЕЦ Неготино и РЕК Битола може да останеме без струја, бидејќи европските земји забранија извоз на јаглен во Македонија. Ако не увеземе јаглен и ако не се почне веднаш со производството, тогаш струјата по Нова година може да биде зголемена за 100 отсто, вели Манасков и додава дека ова се реални прогнози, бидејќи се очекува до декември цената на струјата да се качи за повеќе од 400 евра за мегават-час.

Освен кај граѓаните голема неизвесност околу производството на електрична енергија постои и кај компаниите. Компаниите се загрижени, бидејќи цената на производите зависи од цената на енергенсите кои отидоа до плафон. Бизнисот се надева дека производството на струја од јаглен ќе почне што поскоро и компаниите ќе можат да имаат некаква предвидливост.

-Ние бараме да се зголеми домашното производство на струја за да имаме некаква предвидливост. Кога ќе се стават сите инпути, ќе знаеме која ќе биде цената на производство. Сега немаме никаква предвидливост и сме оставени на милост и немилост на берзите. Бараме предвидливи цени за да може да ги правиме плановите за производство. На крајот на годината се прават плановите за производство за наредната година, а компаниите се уште не знаат по која цена ќе ја набават струјата, изјави потпретседателот на Стопанска комора на Македонија, Антони Пешев.

За зголемување на домашното производство ЕСМ неделава треба да објави јавен повик за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино. Во меѓувреме цената на мазутот, кој не го набавивме на време на светските берзи многу се качи, така сега има повисока цена од електричната енергија. Според експертите, сега подобро ќе биде да се купи струја отколку мазут кој потоа ќе го преработуваме во електрична енергија.

Тие велат дека во зимскиот период можни се и рестрикции доколку државата не ги подмири трошоците кои сега се трупаат за да се обезбедат недостатоците од струјa поради недоволното домашно производство.

Инаку, стабилизација на состојбата во енергетскиот сектор се очекува дури кон средината на следната година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This