дома Временска Прогноза СЛЕДУВА НЕВРЕМЕ:Поројни дождови во Македонија

СЛЕДУВА НЕВРЕМЕ:Поројни дождови во Македонија

Утре особено во утинските часови ќе има поинтензивни врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи (локално околу 30л/м2).

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Ќе дува засилен ветер претежно од западен правец (над 70 км/час), а дневната температура ќе опадне зa околу 5 степени.

Во почетокот на наредната работна недела ќе има стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.