дома Временска Прогноза Следува нов СТУДЕН бран

Следува нов СТУДЕН бран

Температури пониски од нормалните за овој дел од годината, северен и североисточен ветер како и повремени врнежи од дожд особено во јужната половина од државава каде локално се очекува да наврнат над 10 л/м2 воден талог ќе донесе новиот студен и влажен бран кој се очекува веќе од утре.

Врнежите се очекуваат утре особено попладне и вечерта како и во текот на ноќта кон вторник.

Истите во северните и северозападните предели како и во делови од западот има услови и да изостанат. Температурите на воздухот поради продорот на студен воздух од север и североисток повторно ќе бележат тенденцијна на пад и истите ќе се искачуваат во интервалот само од 8 до 17 степени.

На највисоките планински места не се исклучува можноста за слабо провејување на снег.

Релативно свеж ден ќе биде и денот вторник додека потоа според моменталните анализи со помош на прогностичките модели се очекува позначителен пораст на температурите на воздухот и тоа под влијание на потопла воздушна маса од југ.