дома Занимливости Слепо девојче посакало да биде новинар, Путин ѝ го остварил сонот: Поставувала...

Слепо девојче посакало да биде новинар, Путин ѝ го остварил сонот: Поставувала прашања како професионалец, а еве што посакал рускиот претседател за Нова година

Претседателот на Русија, Владимир Путин верува дека неговата конференција за печат може да помогне тој да ги пренесе своите ставови и ставовите на руската влада за важните прашања до милиони луѓе.

Путин по своето годишно обраќање до новинарите ѝ дал кратко интервју на 17-годишната Реџина Парпиева и со тоа ѝ го исполнил сонот, пренесува “TASS”.

Рускиот претседател одговорил на неколку прашања, вклучувајќи и како станал претседател, дали е тешка работата и што ќе посака во Новата година. На прашањето дали е уморен, Путин ѝ одговорил на Реџина дека разговорите со новинари како неа му даваат дополнителна сила за работа.

Путин кратко одговорил и на прашањето што ќе посака за Нова година: “Мојата желба е едноставна – сите желби да се исполнат”.

Претседателот ѝ кажал на Реџина и дека смета дека Русите и другите народи кои живеат во Руската федерација се најважен темел за нивната земја. Кон почетокот на декември, рускиот претседател го посети Форумот на волонтери, а во таа прилика волонтерите го запознаа Путин со проектот “Сонувај со мене” кој ги исполнува желбите на тешко болните деца.

Меѓу желбите била и онаа на Реџина Парпиева која сакала да стане новинар и да направи интервју со некој интересен соговорник.
Извор:tocka.com.mk