дома Автомобилизам Слеп човек ќе вози тркачки автомобил со над 322 км/час (ВИДЕО)

Слеп човек ќе вози тркачки автомобил со над 322 км/час (ВИДЕО)

Ден Паркер е цврсто решен да влезе во Гинисовата книга на рекорди.Неговата цел е добро позната, а тоа е да го собори рекордот во категоријата „најбрзо возење со врзани очи“. Овој рекорд бара одредена доза на храброст, па дури и лудост, но и соодветен автомобил. Имено, сегашниот рекорд е 322,6 км на час.Ден Паркер ќе се обиде да го сруши рекордот со Шевролет Корвет, автомобилот што му го одзеде видот. Имено, тој во 2012 година имал сообраќајна несреќа во неговата Корвета од 1963 година на тркачката патека кога се удрил во ѕид. Сега тој решил да се врати на патеката, а во тоа ќе му помогне и дотераната Corvette C6 со 800 КС, но и со звучни команди . Досега тој успеал да ја вози со брзина од 240 км на час.https://www.youtube.com/watch?v=j9uqbcbchFw