March 28, 2024, 10:30 am

Слободни околу 320 болнички кpeвeти, xocпитализирани вкyпно 984 пaциeнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во изминатите 24 часа е пријавено дека во ковид-центрите во болниците низ земјава се лекуваат 598 пациенти позитивни и сомнителни на коронвирусот, а заедно со хоспитализираните на инфективните оддели во главниот град вкупниот број е 984.

Има околу 320 празни болнички кревети за ковид-пациенти, но бројот е променлив зашто во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти и се ослободуваат дополнителни легла.

Министерството за здравство соопшти дека според извештаите што дневно ги добива од болниците, во Битола се хоспитализирани 40 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19, во болницата во Штип има 53 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес 31, во Куманово 95 пациенти, во ковид-центарот во Охрид 60, во Прилеп 70, во Гостивар 39, во Струга 36 болни.

Во болницата во Струмица се хоспитализирани 53 пациенти, во Кочани и Кичево по 18, Кавадарци 30, Гевгелија 14, а во Дебар има шест пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

– Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, соопшти Министерството за здравство, наведувајќи дека е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This