дома Македонија Словенечките пожapникари ја добија својата прва задача – Пристигнаа во Берово

Словенечките пожapникари ја добија својата прва задача – Пристигнаа во Берово

Пристигнаа словенечките пожарникари, кои веќе се во Берово од каде ќе бидат распоредени да помогнат во гасењето на пожарите во регионот.

Во земјава се пристигнати 16 противпижарни возила и 46 пожарникари од Словенија за да помогнат во гасењето на пожарите.

Помошта од Словенија се реализира по телефонски разговор меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот словенечки колега Матеј Тонин.

Се надевам дека ќе ги скротите огновите што е можно поскоро – порача словенечкиот министер за одбарана Матеј Тонин при испраќањето на пожарникарите во Македонија.

Во меѓувреме, се зголемува ангажманот на Армијата во регионот на Делчево и Пехчево, каде што 400 припадници на Армијата учествуваат во гасењето на пожарот кај селата Истевник, Робово и Умлена.