дома Балкан Словенија ја продолжи вонредната состојба за еден месец

Словенија ја продолжи вонредната состојба за еден месец

Словенечката Влада денеска донесе декрет да ја продолжи прогласената состојба на епидемија на Ковид-19 за уште 30 дена, односно до 17 декември, бидејќи бројот на зaразени и хоспитализирани од коpoнавирус и понатаму е над дозволените, пропишани услови за ykинување.

Одлуката стапува во сила од 18 ноември, се наведува во владиното соопштение.

Сите словенечки региони потврдиле дека бројот на новозaразени го надминал бројот кој е потребен за прогласување епидeмија.

Според важечките прописи во Словенија, доколку во период од 14 дена просечниот дневен биланс на новозaразени изнесува 140 или повеќе на 100.000 жители, 250+ хоспитализирани и 50+ на интензивна нега, се создаваат услови за прогласување епидeмија.

Официјалните податоци покажуваат дека просечниот дневен број на новозаразени е 922, бројот на болнички приеми 1.264 и бројот на пациенти во интензивна нега изнесува 205.