April 25, 2024, 10:40 am

Словенците ќе го peшаваат пpoблемот со Бугарија, имале одлично решение

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Словенечкото претседателство со ЕУ е многу мотивирано да го реши прашањето меѓу Македонија и Бугарија. Веќе има интензивна комуникација помеѓу нашето претседателство со Софија, со Брисел и со други земји членки на ЕУ. Би сакале да добиеме што е можно поскоро јасна слика за одредени позиции и не би сакале да чекаме до декември, туку доколку е можно порано да го решиме ова прашање.

Ова денеска го изјави словенечкиот амбасадор во земјава Милан Предан, презентирајќи ги приоритетите на словенечкото претседателство со Европската Унија на заедничката седница на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања во Собранието.

За словенечкиот амбасадор потребна е политичка волја и прагматизам од двете страни. Тој нагласи дека не можат да ветат политички чуда, бидејќи, како што рече, во меѓународната политика тоа што можеме да го ветиме е напорна работа, тивка дипломатија.

Предан најави дека една од поважните приоритети на претседавањето на Словенија ќе биде проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

– Тоа ќе биде многу високо на нашата агенда. Нашиот главен настан на високо ниво што планираме да го направиме ќе биде Самитот ЕУ – Западен Балкан, на Брдо на 6 октомври и искрено се надеваме дека тогаш веќе ќе имаме, ако не одлука, барем една чиста перспектива, односно чисто гледиште како прашањето меѓу Софија и Скопје може да се реши – истакна Предан.

Амбасадорот посочи дека Словенија, по обидите на двете претходни претседателства, на Германија и на Португалија, ќе направи трет обид да се реши прашањето меѓу Скопје и Софија, согледувајќи ја политичката ситуација во соседството, и изразувајќи надеж дека Софија набрзо ќе формира нова Влада.

Според него, предлогот на португалското претседателство, којшто веќе е предлог на Претседателството, е добар балансиран предлог што се грижи за двете страни и оти во решавање на ова прашање добрата страна е што не се почнува од нула.

– Разбираме дека овој предлог беше направен со цел да се добие зелено светло за почнување преговорите во јуни, но мислам дека овој документ би можел да биде основа за изнаоѓање на можно и разумно решение. Ни треба политичка волја и прагматизам од двете страни. Како што реков, веќе работиме на тоа. Не можеме да ветиме, веќе реков, не можеме да ветиме политички чуда затоа што во меѓународната политика тоа што можеме да го ветиме е напорна работа, тивка дипломатија – дециден е тој.

Словенечкиот амбасадор подвлече дека доколку успеат да го одблокираат овој процес, тоа ќе биде позитивен сигнал за целиот регион.

– Исто така, се потпираме на двете страни дека тие ќе ги потиснат своите емоции затоа што ни треба одредено ниво на заедничка доверба за да стигнеме до договор, и во тој случај мислам дека со сите овие документи што се подготвени можеби има шанса тоа да се постигне, да дојдеме, да стигнеме до решение до Самитот во Брдо на ЕУ и Западен Балкан. Дури за мојата земја Словенија, знаеме дека имаме 30 години одлични односи, мислам дека свесни сме дека ќе имаме политички капитал за следните 20 години. Тоа е уште една мотивација за нас знаејќи дека не се работи само за Македонија, туку се работи за целиот регион – рече Предан.

Тој е оптимист дека би можел да се постигне некој договор и во заедничката Комисија за историски прашања.

– Мислам дека дебатата ќе се смири меѓу двете земји и дека ќе се постигне некој договор, дури и во рамките на историската комисија ќе биде направен напредок и нашата стратегија е дека мораме да дојдеме до решение при што сите овие прашања на идентитетот, јазикот мора да бидат ставени на страна, а процесот на интеграција да се придвижи и ќе има доволно можности за време на процесот на преговори да се решат дел од овие прашања. Знаете дека ЕУ мисли дека не треба да се вклучуваат билатералните прашања во процесот на интеграција и на тоа ќе мора да работиме, како да акомодираме одредени барања на соседните земји – рече Предан.

Тој на крајот додаде дека за имплементација на Добрососедскиот договор веќе има некои идеи на маса, без да навлезе во детали, оставајќи го тоа, како што рече, на тивката дипломатија.

– Знам дека сте уморни од ветувања и не сакаме да направиме следниве шест месеци да бидат повторно ветувања коишто нема да можеме да ги исполниме. Тоа е тоа што имав јас да го кажам од моја страна – заклучи словенечкиот амбасадор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This