Случајот со извидничкиот cekc-камп за мaлолетници ќе го истражува и Народниот правобранител

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голем скандал се обелодени откако средношколци се вратиле дома од извиднички камп организиран во близина на Скопје, насловен како „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол“.

Родителите чии деца се вратиле истрауматизирани од настанот, истиот го пријавиле во полиција, а дел од нив дадоа и изјави за медиумите во кој откриваат детали од скандалозните „игри“ со ки децата биле наведувани да се соблекуваат, да бојат интимни делови од телот и да оставаат отпечатоци, да симулираат секс, а едно девојче добило награда за најдобри гради.

Првиот скопски извиднички одред, потврди дека се одржал настанот, но велат дека дека настанот не бил манифестација на неморал, блуд или сексуално вознемирување, како и дека активностите на кампот биле погрешно протолкувани во јавноста.

Имајќи ја предвид сензитивноста на целиот случај, Народниот правобранител без да добие претставка, на своја иницијатива веќе отворил предмет за настанот.

– Факт е дека се работи за ученици, за деца коишто согласно конвенцијата за правата на детето и согласно законската регулатива треба да бидат заштитени од било каква злоупотреба особено кога се работи за деца на чувствителна возраст и за коишто треба особено внимание што сепак го отвара прашањето за вклучување на други органи во конкретниот случај заради обезбедување на соодветна поддршка за надминување на евентуалните трауми, вели во изјава за „Телма“ Вваска Бајрамовска-Мустафа, заменик на Народниот правобранител.

За случајот реагираше и Детската амбасада „Меѓаши“, од каде извидничкиот камп го нарекоа масовна злоупотреба на деца и побараа надлежните да ги казнат одговорните.

Град Скопје, кој имал случен договор со Првиот скопски извиднички одред, се огради од настанот и веднаш го прекина договорот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This