дома Свет Случај на фаќање врски за добивање вакцина

Случај на фаќање врски за добивање вакцина

Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез побара оставка од министерот за здравство Гинис Гонзалес Гарсија, откако медиумите објавија дека луѓето ги користеле врските за да добијат пристап до вакцините против КОВИД-19.

Aргентинскиот претседател побарал оставка од министерот Гарсија по јавните обвинувања дека најмалку 10 лица ја примиле вакцината спротивно на редовната постапка, а меѓу нив бил и познатиот постар новинар Хорасио Вербицки, кој изјавил дека бил вакциниран по разговараше директно со министерот.

„Му се јавив на мојот стар пријател Гинис Гонзалес Гарсија и тој ми рече да одам во болницата Посадас за да ја примам вакцината“, рече Вербицки во интервју за локална радиостаница. Локалните медиуми известуваат за неколку случаи на вакцинација на политичари и други лица кои не биле во приоритетните групи.

Два извори во канцеларијата на претседателот неофицијално ги потврдија извештаите на медиумите од Ројтерс дека претседателот побарал оставка од Гарсија поради ова, но тие не можеа да го именуваат неговиот наследник, а аргентинското Министерство за здравство не одговори веднаш на барањето на агенцијата за коментар.

Од декември, Аргентина ја користи руската вакцина „Спутник V“ за приоритетна имунизација на здравствените работници во „црвените зони“, а оваа недела земјата започна да вакцинира некои лица постари од 70 години, но со задолжително закажување и почитување на постапката што прво вклучува регистрација, агенција.