дома Социјални Мрежи Случај „ЈаBна Cоба“: „Телегpам“ не дава инфоpмации на МВР за членовите на...

Случај „ЈаBна Cоба“: „Телегpам“ не дава инфоpмации на МВР за членовите на групата

МВР не можело да превземе мерки по пријавените лица на Јавна соба чии видеа и фотографии биле споделувани во групата без нивна согласност.

Само две лица ќе бидат опфатени со пријави за групата „Јавна соба“. Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев тврди – „Телеграм“ не постапува по нашите барања и одбива било каква соработка.

Министерството веднаш конктатирало со сопствеништвото на „Телеграм“ во Лондон, но тие само ја затвориле групата, и властите не добиле дополнителни информациии од фирмата.

„Во однос на „Јавна соба“ која беше на „Телеграм“, ја контактиравме фирмата во Лондон и ја затворија групата, но не дадоа повратна информација. Утврдени се администраторот и модераторот. Против нив е поднесена соодветна пријава, но со оглед на несоработката на сопствениците на „Телеграм“, едноставно тие одбиваат било каква соработка. Тоа ни беше соопштено и од други партнерски земји, дека „Телеграм“ не дава информации во однос на барањата кои произлегуваат од властите на државите. Ние без соработка со „Телеграм“ не можевме да ги утврдиме учесниците во „Јавна соба“ кои што објавиле материјали согласно законот за да може да ги процесуираме“, посочи Чулев.

Пријавени се повеќе лица, но според техничкиот министер тие не ги содржеле елементите од Кривичниот законик за да бидат забележани како такви.