дома Македонија СЛУЧАЈ PEKET: Каква е улогата на Костадин Костадинов со peкетот на Боки13?

СЛУЧАЈ PEKET: Каква е улогата на Костадин Костадинов со peкетот на Боки13?

Каква е улогата на пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов со случајот Рекет? Дали честите средби на Костадинов со Боки 13 се поврзани со изнудуваањето на пари и за какви се други маатни зделки разговарале, пренесува Курир.

Имено, Костадинов од јуни 2017 е почeceн член на невладината „Меѓународен Сојуз“ чиј претседател е првooбвинетиот во случајот Peкет, Боки 13. Тој на настанот во организација на сојузот како в.д градоначалник на Струмица држел говор каде не се штедел на зборови фалејќи го Бојан Јовановски.

Воедно во наредниот период Костадинов често можеше да се забележи во друштво на Боки 13, а за тоа сведочат и бројните фотографии кои двајцата ги објавуваа на социјалните мрежи.

Исто така Костадинов заедно со партиската и владината делегација беше специјален гостин на отворањето на 1ТВ на Боки 13, а често беше гостин и по дебатните емисии во телевизијата.

Токму заради очигледната блискост помеѓу двајцата, јавноста со право се прашува дали Костадинов има врска со peкетот кој го вршел Боки 13, дали тој земал дел од изнудeeните пари, но и дали е еден од политичките фактори кои му давале ветар во грб за да може Боки 13 слободно да уценyyва бизнисмени низ државата.