Слeдува големо невpeме: Славчо Поповски пpeдупредува од град, силен ветер и грмoтeвици во петок

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екстремно топлото време ќе се задржи уште утре кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 43 степени. Меѓутоа од попладневните часови, па во текот на ноќта кон петок и во петок времето ќе биде променливо облачно, на некои места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, прогнозира стружанецот Славчо Попоски во својата најнова метео анализа на Фејсбук.

„Локално има услови процесите да бидат интезини и застапени во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен до олуен ветер, силен електрични празнења и со појава на град. Максималните температури во петок и во сабота ќе бидат пониски за околу 5 степени и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени, додека од недела повторно ќе бидат во пораст а времето ќе биде стабилно, суво и сончево“, вели Попоски.

Услови за нестабилност, проследена со пороен до силен ветер и грмежи утре попладне и навечер, како и во петок ќе има и во делови од скопската котлина. Температурите во петок и во сабота ќе бележат тенденција на пат и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 32 и 35 степени, додека од недела повторно ќе бидат во пораст.

Попоски предупредува, утре попладне и во текот на ноќта кон петок, како и во петок во случај на појава на елкектрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на силен ветер граѓаните да бидат крајно претпазливи и да не излегуваат на отворено.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This