дома Технологија СМАРТФОНИТЕ ВО ИДHИHАТА: Ќе фyнкциoнираaт сoсeмa пoинaку

СМАРТФОНИТЕ ВО ИДHИHАТА: Ќе фyнкциoнираaт сoсeмa пoинaку

Благодарение на 5Г-мрежите, паметните телефони во иднина би можеле да функционираат сосема поинаку. Во иднина можеби и нема да мораме толку често да ги надградуваме нашите телефони бидејќи никогаш нема да станат престари или пребавни за омилените апликации.

Се прашувате зошто? Па, апликациите веќе нема да бидат ограничени од cилaтa на процесорот во вашиот паметен телефон бидејќи ќе зависат од моќните компјутери во компјутерскиот облак, со кој смартфонот ќе комуницира преку брза 5Г-мрежа. Така, мобилните би можеле да се претворат во парче стакло со екран и батерија.

Тоа можеби нема да се случи со сите апликации, но би можело со таканаречените суперапликации, меѓу кои би можеле да се најдат и популарни апликации како „Инстаграм“ и „ТикТок“.

Идејата на која се заснова ова предвидување е речиси идентична на онаа на која се заснова и сервисот на „Гугл“ за стриминг на игри наречен „Стадиа“. Игрите за кои е потребна голема моќност се вртат на компјутерите на „Гугл“ во таканаречениот облак, додека визуалите се стримаат на уреди како „Хромкаст“, поврзан со телевизор, лаптоп или паметен телефон. Токму како што денес гледате нешта на „Јутјуб“ и „Нетфликс“.

5Г-мрежите би требало да овозможат значително побрз пренос на податоци и побрза работа на смартфоните отколку што денес тоа може да го направат 4Г-мрежите.