дома Свет „СМРТ НА АМЕРИКА“: Студентски протести пред седиштето на Обединетите нации во Дамаск!

„СМРТ НА АМЕРИКА“: Студентски протести пред седиштето на Обединетите нации во Дамаск!

Десетици студенти денес се собраа пред канцеларијата на ОН во сириската претстолнина Дамакс за да протестираат против нападот на САД врз сириската воздухопловна база

Меѓу транспарентите и натписите, студентите извикува слогани као „Смрт на Америка“ и „Смрт на Израел“, пренесува АП.

Еден од плакатите ја носеше поракта: „Нема во Сирија да се повтори ирачкото сценарио“.

Агенцијата наведува дека тој слоган се однесува на нападите на САД во 2013. на Ирак, кога Вашингтон го обвини Садам Хусеин дека крие оружје за масовно уништување – што подоцна се докажа како неточна информација.

Студентот Ашхраф Фадел изјавил дека дошол да ја осуди „неправедната агресија на Америка врз Сирија“ и додаде дека ОН се формирани „да ги поддржуваат САД, наместо да му помогнат на народот врз кој е наметната неправда“.