дома Македонија СНЕГОТ ПРЕДИЗВИКА ХАОС НИЗ ЦЕЛАТА ДРЖАВА: „Македонија пат“ нема фрлено ниту една...

СНЕГОТ ПРЕДИЗВИКА ХАОС НИЗ ЦЕЛАТА ДРЖАВА: „Македонија пат“ нема фрлено ниту една лопата сол, автопатите под снежна покривка

Снегот предизвика проблеми на речиси сите сообраќајни правци во земјата. Освен планинските превои, и автопатиштата се затрупани во неколку центиметри снег и мраз, а граѓаните се жалат дека никој нема фрлено „една лопата“


Затаи службата на „Македонија Пат“, која како и секоја година се изненадува од снег во среде зима. Вчерашните врнежи на снег, иако најавени речиси цела недела претходно, сепак успеаа да ги изненадат надлежните.

Скопје утринава беше непроодно, освен за ратрак, а по се изгледа ситуацијата е иста во целата држава.