дома Временска Прогноза СНЕГ И ДОЖД ОД УТРЕ: До крајот на неделата поларни температури кои...

СНЕГ И ДОЖД ОД УТРЕ: До крајот на неделата поларни температури кои ќе достигнат -20 целзиусови степени!

Утре кон крајот на денот и во среда ќе има локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег., особено во западните и северозападните делови. Од четврток нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност и на северно воздушно струење, што ќе предизвика значителна промена на времето.

Ќе биде многу студено со врнежи од снег и насекаде ќе се формира снежна покривка, која на планините ќе биде позначителна. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни наноси. Во петок и во деновите од викендот температурите ќе бидат многу ниски, како утринските така и дневните и насекаде ќе бидат под нулата . Најстудено преку денот се очекува да биде во сабота, кога максималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4 степени, додека минималната за викендот на места ќе се спушти до -20 степени.