дома Македонија Снимена е зделката на Анѓушев со грчкото електростопанство

Снимена е зделката на Анѓушев со грчкото електростопанство

Љупчо Палевски тврди дека зделката на Кочо Анѓушев пред промената на името, зделка тешка 5 милиони евра сигурно е снимена од како што вели тој системот. Причината за тоа тој ја гледа во контролата на системот на политичките чинители и токму поради оваа причина според Палевски сега Анѓушев е послушен кон системот.

-Кочо Анѓушев е сигурно сниман, целата зделка со ЕДС, меѓутоа тоа го прави системот за да го контролира. Денес Кочо е послушен на системот, кој мора да има контрола. И Кочо Анѓушев сигурно е сниман, не во Атлантик туку некој друг предмет кој нема везе со патриотизам, нема врска со политика туку контрола на големите зделки, вели Палевски.