дома Македонија СНИМКА ОД ДРОН: Илјадници граѓани и денеска на скопските улици- 30 ден...

СНИМКА ОД ДРОН: Илјадници граѓани и денеска на скопските улици- 30 ден протести ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА

Веќе 30 дена во Скопје се одржуваат масовни протести предводени од Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА преку кои се бара отфрлање на Тиранската платформа и зачувување на унитарноста на државата.

Илјадници граѓани и денеска излегоа на скопските улици. Маршот започна од пред Владата, моментално масата народ пристигна пред Собранието, за потоа да се упати кон седиштето на СДСМ.