дома Македонија СНИМКА ОД ПРИЛЕП: „Кети предавник“ скандираа стотина прилепчани пред домот на пратеничката...

СНИМКА ОД ПРИЛЕП: „Кети предавник“ скандираа стотина прилепчани пред домот на пратеничката од СДСМ која ја чуваат два кордони полиција!

Гневот на граѓаните полека но сигурно ескалира. По протестите на граѓаните пред домот на пратеникот на СДСМ, Панче Иванов од Велес вечерва се одржуваат протести и во Прилеп. Протестите се насочени кон пратениците кои гласа за изгласување на законот за двојазичност. Во овие моменти се одржуваат протести пред домовите на пратениците на СДСМ од Прилеп, Кети Смилеска и Хари Локвенец. Протестите ги организира Македонското Патриотско Здружение, Пере Тошев од Прилеп.

Полицијата е во огромно присуство пред домовите на пратениците. Покрај домовите на пратениците од СДСМ во Прилеп полициско присуство има и пред домовите на другите пратеници на СДСМ, а зголемено присуство на полицијата има и пред партиското седиште на СДСМ.