Халили Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците, за ТВ 21, потврди дека се собрани 61 потпис како и дека Скендер Реџепи, координатор на пратеничката група на АА-ААА го дал својот потпис за новото парламентарно мнозинство кое ќе ја сруши актуелната влада.
„Имаме 61 потпис, Скендер Реџепи е координатор на пратеничката група на АА-ААА. Реџепи е еден од главните гласови на албанската опозиција во Собранието. Еден од најпосветените луѓе против криминалот на оваа власт, против овој хибриден режим, нормално дека Скендер Реџепи потпиша за рушење на оваа влада“, изјави Снопче за ТВ 21.
Вчера Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, објави дека опозициските партии собрале доволно пратеници кои ќе поддржат гласање за недоверба на владата доколку премиерот Зоран Заев не ја поднесе официјално оставката која ја најави по катастрофалниот пораз на локалните избори.
Исто така, се најавува дека овој број порасне, бидејќи се водат разговори со уште неколку пратеници, дел од кои се членови на актуелната влада.