дома Свет Сноуден наскоро со руско државјанство

Сноуден наскоро со руско државјанство

Свиркачот на Националната Безбедносна Агенција (НСА), Едвард Сноуден, ќе поднесе барање за руско државјанство во скорешна иднина и во моментов собира документи за таа цел, изјави денес за Спутник неговиот адвокат Анатолиј Кучерена.

„Сноуден собира документи за добивање руско државјанство и ние ќе поднесеме барање за натурализација“, рече Кучерена.

Адвокатот додаде дека списокот со потребни документи е доста долг и вети дека ќе ја извести јавноста откако сè ќе биде подготвено. Кучерена се пофали и со познавањето на рускиот јазик на неговиот клиент, што е потребно за да се добие државјанство.

„Да, се разбира, добро е … [тој] е брз во потфатот“, рече адвокатот.
Во 2013 година, Сноуден иницираше голем меѓународен скандал откако во весниците „Вашингтон пост“ и „Гардијан“ публикуваа тајни информации за разузнавање на САД и Велика Британија како и за постоењето на обемни програми за надзор.

Тој беше принуден да ги напушти Соединетите држави за Хонг Конг, а потоа и за Москва каде што помина извесно време во транзитната зона на аеродромот Шереметјево.