дома Свет СОБОРЕН НЕПОЗНАТ ЛЕТЕЧКИ ОБЈЕКТ ВО СИРИЈА: Западниот дел на Дамаск под нова...

СОБОРЕН НЕПОЗНАТ ЛЕТЕЧКИ ОБЈЕКТ ВО СИРИЈА: Западниот дел на Дамаск под нова офанзива

Противвоздушната одбрана на сириската војска реагираше на непријателска мета која во раните утрински часови го наруши воздушниот простор на земјата, западно од претстолнината Дамаск, јавува агенцијата САНА


Таа област се наоѓа во близина на границата со Либан, а слична ситуација се случила и во четвротокот, кога сириската противвоздушна одбрана реагирала над западниот дел на Дамаск.

Сириската новинска агенција во извештајот сугерира дека најверојатно за упадот е одговорен Израел.

„Во последните неколку седмиици, израелскиот непријател ги напаѓа сириските воени позиции“, наведува сириската агеницја.

Портпаролот на израелската војска рекол дека не сака да ги коментира „странските извештаи“.