дома Македонија (Видео)СОБРАЛЕ ПАРИ, И ГИ САНИРАЛЕ ДУПКИТЕ НА ПАТОТ: Младите од Сачево самоиницијативно...

(Видео)СОБРАЛЕ ПАРИ, И ГИ САНИРАЛЕ ДУПКИТЕ НА ПАТОТ: Младите од Сачево самоиницијативно ги санираа дупките на патот

Собрале 300 евра , обезбедиле песок од локална сепарација си купиле цемент и решиле сами да си ги закрпат дупките до селото. Младите од Сачево во саботата сами ги подполнуваа дупките по локалниот пат кој водат до селото, пренесе локалната телевизија „Вис“

Велат дека властитете со години немаат слух за реконструкција на патот. Во текот на денот затвориле над 100 дупки а на властите им упатија порака дека во селото сеуште има живот.